Успешно реализирана работилница на тема „Бизнис Модел Канвас“ на Економскиот факултет – Скопје

August 11, 20251 min read

Назив на проектот: Запознавање со концептот “Незапирливи” преку креирање на Канвас бизнис модел

Со гордост објавуваме дека успешно спроведовме едукативна работилница, на тема „Бизнис Модел Канвас“, во рамките на Економскиот факултет – Скопје.

Практична примена на знаење преку дводневен хакатон

Студентите имаа извонредна можност да го применат своето теоретско знаење во реална и динамична средина, каде преку интензивен дводневен хакатон работеа на развивање на иновативни и одржливи бизнис модели.
Настанот започна со презентација на концептот Незапирливи, по што следуваа интерактивни сесии со менторите Сашо Илиев и Сашо Пандилов, каде учесниците добија насоки за подготовка на Канвас бизнис плановите.
Вториот ден беше посветен на финалните презентации пред стручна комисија, каде сите тимови ги презентираа своите бизнис Канвас модели, а беше избран и победнички тим, кој се истакна со креативност, реална изводливост и иновативен пристап.

Поддршка од академската и локалната заедница

Искрена благодарност упатуваме до Проф. Александра Јанеска Илиев и Проф. Стојан Дебарлиев за нивната поддршка и верба во вредноста на практичната едукација за студентите. Благодарност и до претставниците од Општина Кисела Вода за нивното присуство и поддршка на овој значаен настан.

Благодарност до сите студенти за нивната енергија, ангажираност и претприемачки дух. Работилницата не само што ги поттикна да размислуваат стратешки, туку и ги доближи до реалниот свет на бизнисот, нагласувајќи ја важноста на менторството во личниот и професионален развој.

 

Работилница спроведена на Економскиот факултет при УКИМ

Back to Blog