Проектот "Патот до Успехот" - Пилот иницијатица за поддршка на талентирани деца
Образовниот систем се соочува со нови предизвици, меѓу кои се ниското ниво на знаење, недоволното време на учениците во училиште и отуѓеноста од наставниот процес. Проектот „Патот до успехот“, реализиран од здружението Незапирливи, претставува пилот иницијатива насочена кон препознавање и поддршка на талентираните деца во основните училишта на општина Кисела Вода.

Проектот беше покренат по покана од Министерството за образование и Општина Кисела Вода, со цел да се испроба нов пристап за успех базиран на индивидуален талент, мотивација и поддршка.
Преку структурирана програма, беа реализирани:
Работни средби со стручни служби
Средби со Совети на родители
Работилници со наставници
Манифестации со деца – „Караван на талентот“
Концептот Незапирливи се базира на идејата дека талентот е скриено богатство што треба да се открие и негува од најмала возраст. Проектот е инспириран од лична приказна на родители на талентирани деца, кои ја развиле методологијата за овој модел.
Проектот претставува можен одговор на современите предизвици во образованието – не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Тој е пример како со заедничка работа може да се создаде систем кој ја препознава вредноста на секое дете.

Хронологија на активности:
· 29–30 август 2024 – Работни средби со стручни служби
· 1–8 септември 2024 – Средби со Совети на родители
· 25 септември – 8 октомври 2024 – Работилници со наставниците
· 7–11 октомври 2024 – Манифестации „Караван на талентот“ (Недела на детето)
Кратки цели на проектот „Патот до успехот“
1. Прифаќање на успехот:
Да се надминат бариерите и предрасудите кон талентот и успехот кај децата.
2. Позитивен пристап кон поддршка:
Да се поттикне позитивно гледиште и пристап за поддршка на талентираните ученици.
3. Вклучување на талентирани деца:
Да се охрабрат децата со таленти да се промовираат преку јавни настапи и училишни активности.
4. Препознавање на талентите:
Да се пренесат знаења и методи за рано откривање на потенцијалот кај секое дете.
5. Развој на талентите:
Да се поттикнат активности за континуирана надградба на детските способности.
6. Јакнење на наставниците:
Да се зајакне улогата на наставниците преку нови пристапи и подобра комуникација со родители и ученици.
7. Поддршка од родителите:
Да се охрабрат родителите да бидат активни учесници во развојот на своето дете.
8. Почитување на детските права:
Да се промовира правото на секое дете да го развие својот талент во поддржувачка средина.
9. Одржлив модел за иднина:
Да се постават темели за долгорочен модел за унапредување на образованието преку поддршка на талентите.

Во проектот активно учествуваа следниве училишта:
· ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“
· ООУ „Партенија Зографски“
· ООУ „Круме Кепески“
· ООУ „Св. Климент Охридски“
· ООУ „Кузман Шапкарев“
· ООУ „Рајко Жинзифов“
Клучни придобивки од работилниците:
• Препознавање и насочување на талентирани ученици
• Јакнење на улогата на наставниците како ментори и поддржувачи
• Поттикнување на соработката помеѓу наставниците, родителите и заедницата
• Развивање нови идеи и алатки за поддршка на талентираните ученици
• Зајакнување на самодовербата и мотивацијата на наставниците преку позитивна
• Зајакнување на самодовербата и мотивацијата на наставниците преку позитивна
интеракција и инспиративни примери
Видое материајли од пилот проектот "Патот до Успехот":