Патот до Успехот – Втора Работилница во Кисела Вода
Цел на проектот
Проектот „Патот до успехот“ има за цел подетално запознавање на наставниот кадар и стручната служба со Методологијата на Незапирливи за рано препознавање и насочување на талентираните деца во основното образование.
Главниот фокус е поставен на раната возраст на учениците, кога потенцијалот може најдобро да се идентификува и насочи за постигнување врвни резултати и позитивен развој на личноста.
Опфат на проектот
Активностите ќе се реализираат во четири основни училишта на територијата на општина Кисела Вода, Скопје:
ООУ „Круме Кепески“
ООУ „Кузман Јосифовски Питу“
ООУ „Кузман Шапкарев“
ООУ „Климент Охридски“
Период на реализација
Есен, 2025 година
Опис на проектните активности
Проектот ќе се спроведе во просториите на четирите основни училишта, во две фази за секое училиште:
Прва средба
Цел: Запознавање на стручните служби со Методологијата на Незапирливи.
Содржина: Презентација на стручни истражувања, странска литература и реални примери за рано препознавање и насочување на таленти кај деца.
Фокус: Како преку развојот на талентот едно дете може да постигне успех и да биде позитивен пример за своите врсници и заедницата.
Втора средба
Цел: Продлабочување на знаењата кај наставниот кадар, вклучувајќи ги одделенските и предметните наставници.
Содржина: Дискусија и размена на искуства меѓу наставници и стручни служби за практична примена на методологијата.
Фокус: Конкретни насоки за имплементација на техниките за работа со талентирани ученици.
Придобивки од проектот
Брошура со насоки и примери – Резултатите од средбите, дебатите и експертизата ќе бидат сумирани во професионално подготвена брошура, која ќе служи како траен потсетник и алатка за наставниците и стручните служби.
Менторска мрежа на Незапирливи – Одделенските и предметните наставници кои ќе се истакнат на работилниците ќе добијат можност да станат дел од менторска мрежа на Незапирливи.
Професионален развој и нови ангажмани – Членството во мрежата отвора можности за дополнителни професионални ангажмани, вмрежување и придонес кон развојот на образованието во државата.