070 231 102
Имаш желба да придонесеш со свое време, енергија и идеи? Како волонтер, ќе бидеш дел од организација што навистина ги слуша и вреднува луѓето што сакаат да помогнат. Вклучи се во подготовка на настани, логистика, комуникација, креативни проекти или поддршка на терен. Секоја помош значи многу, а твоето искуство ќе биде дел од нешто поголемо.
Ако се препознаваш во методологијата на Незапирливи и веруваш во пристапот што препознава вредност и потенцијал кај секој млад човек, тогаш ова е вистинското место од каде што можеш да го започнеш својот прв чекор како ментор.
Како дел од нашата менторска мрежа, ќе имаш можност да ги користиш принципите и алатките на нашата методологија во работа со млади таленти, водејќи ги низ процес на самоспознавање, личен раст и градење самодоверба. Ние обезбедуваме воведна обука, континуирана поддршка и заедница од посветени луѓе кои веруваат дека промената започнува од односот што го градиме со другите.
Твојата донација, значи поддршка за едно дете да го открие својот потенцијал, да добие ментор, алатки и нови можности за раст. Можеш да донираш еднократно или редовно, како индивидуалец или како компанија/организација.